Утрински Весник
Свет

Меркел: Ќе го победиме овој вирус, невозможно е нешто да се постигне ако се гледа црно на работите

Меркел: Ќе го победиме овој вирус, невозможно е нешто да се постигне ако се гледа црно на работите

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска повика на зголемено производство на вакцини против коронавирусот во самата Европска унија и го бранеше заедничкиот пристап на Унијата во борбата против пандемијата.

„И покрај сите тешкотии со кои се соочивме, мислам дека за време на пандемијата повторно се покажа дека е добро што ја имаме Европската унија“, им рече Меркел на пратениците во Бундестагот.

Таа експлицитно ја истакна важноста на механизмот за заедничка набавка на вакцини.

Во исто време, ја истакна потребата да се зголеми производството на вакцини против коронавирус во самата Европска унија.

„Во Велика Британија, се произведува за Велика Британија. САД не извезуваат своја вакцина. Затоа долгорочно сме зависни од тоа што го произведуваме во ЕУ”, рече Меркел, додавајќи дека ова се однесува и на годините што доаѓаат.

Во моментов, како што рече канцеларката, покрај Германија и други делови на Европа се во средиштето на третиот пандемиски бран.

„Натамошното ширење на инфекцијата мора да се запре додека е сè уште можно“, порача таа.

На почетокот на своето обраќање во име на владата, Меркел ги повика сите државни истанци да бидат поуспешни во борбата против пандемијата.

„Ако се опуштиме врз основа на досега постигнатото, тоа нема да биде доволно. Мора да бидеме пофлексибилни и побрзи каде што тое е можно“, предупреди канцеларката, алудирајќи на бавниот процес на вакцинација и тестирање во Германија.

Во исто време, таа повика и на поголем оптимизам во борбата против пандемијата.

„Невозможно е да се постигне нешто ако гледаме само црно. Ќе го победиме овој вирус“, рече Меркел и додаде дека кога станува збор за процесот на вакцинација, таа ја гледа светлината на крајот од тунелот.

Таа исто така предупреди на промената што ја носи третиот пандемиски бран.

„90-годишни лица нема веќе да лежат на одделенијата за интензивна нега, туку пациенти на возраст од 50 и 60 години, кои имаат уште многу години пред себе“, рече германската канцеларка.

Можете да прочитате

Столтенберг нападот на Фицо го смета за атак на демократиите и отворените општества

Каволи: Русија нема доволно сили за голем пробив во Украина

По атентатот над словачкиот премиер Фицо закана доби и неговиот полски колега Туск