Утрински Весник
Македонија

Попладне уапсено уште едно лице во акцијата „Планина“

26D846D5 BF43 4292 814C CB2E0CDCEB56

Денеска во попладневните часови е приведено уште едно лице од организираната криминална група поврзано со трговијата на дрога.

Со тоа во акцијата „Планина“ вкупно се приведени 22 лица.

Организираната криминална  група била следена цела година.Од МВР соопштија дека кај приведените е пронајдена и запленета дрога, автомобили, пари, мобилни телефони.

Уапсените ќе бидат предадени на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, по што, ќе бидат спроведени во Кривичниот суд.

Акцијата е се уште во тек, се трага по уште неколку лица, а вклучени се и специјалните единици.

Можете да прочитате

ДОМ: Не смее да се брише законската рамка за санација на жешките еколошки точки и заштитата од тешката индустрија

Министерство за правда: Националната припадност и државјанството не смеат да бидат основа за привилегиран третман

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, бараме оставка