Утрински Весник
Свет

Макрон: Франција и Германија не го напуштаат дијалогот со Москва

Макрон: Франција и Германија не го напуштаат дијалогот со Москва

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска дека Франција и Германија нема да се откажат од дијалогот со Москва, но дека цената ќе биде висока доколку Русија одлучи да ја нападне Украина.

Говорејќи на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин, Макрон рече дека Европа и нејзините сојузници се обединети по прашањето за Украина, пренесе „Ројтерс“.

Претседателот на Франција најави дека во петок телефонски ќе разговара со претседателот на Руската Федерација Владимир Путин и најави дека ќе побара од рускиот лидер да ги разјасни намерите на Русија кон Украина.

Макрон оцени дека преговорите меѓу САД и Русија за Украина се „добра работа“, но дека допрва треба да покажат јасни резултати.

Можете да прочитате

Пожар избувна на Бруклинскиот мост за време на огнометот по повод Денот на независноста на САД

Трамп од прославата на 250 години независност: Америка влегува во нова златна ера

СЗО прогласи крај на епидемијата на хантавирус на крузерот „Хондиус“