Утрински Весник
Македонија

Македонски државјани ќе можат легално да го продолжат престојот во Словенија поради Ковид-19

Македонски државјани ќе можат легално да го продолжат престојот во Словенија поради Ковид-19

Скопје, 19 март 2020 (МИА) – Македонската амбасада во Љубљана соопшти дека државјаните на земјава ќе можат легално да го продолжат својот престојот во Словенија, како една од мерките против ширењето на коронавирусот.

– Според словенечно Министерство за надворешни работи, македонски државјани затекнати на територија на Словенија на кои ќе им истече работната дозвола, дозволата за престој или рокот од 90 дена во рамки на 180 дена, ќе се смета дека легално престојуваат на територија на Словенија заради исклучителната ситуација, објави нашата Амбасада во Љубљана на Твитер. сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Апелација ја укина затворската казна за убиството на кучето Феликс – осудениот ќе плати 1.800 евра

Сиљановска-Давкова до жените во технологијата: „Ако можев јас да станам претседателка, може и секоја од вас“

Регионот копа бакар, во Македонија „Иловица-Штука“ останува блокирана