Утрински Весник
Македонија

Во општина Струмица се дезинфекцираат улиците во населените места

Во општина Струмица се дезинфекцираат улиците во населените места

Струмица, 19 март 2020 (МИА) – Покрај секојдневната дезинфекција на улиците во градот, денеска почнаа да се дезинфекцираат и улиците во населените места Градско Балдовци и Дабиле, а во наредните денови тоа ќе се изврши и во останатите села во општина Струмица, информираат од ЈПКД „Комуналец“.

Истовремено дезинфекција се изврши и на пазарот за земјоделски производи „Чешел“, управната зграда на „Комуналец“ и на четири наплатни центри, а во наредните денови во пазарот во ГТЦ „Глобал“, Пазарот на големо и Сточниот пазар.

Дезинфекцијата ја вршат екипи на ЈПКД „Комуналец“ и Територијалната професионална противпожарна единица.рт/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонија во портокалова фаза: Жешко до 39 степени, потоа дожд, силен ветер и град

За шест дена наплатeни 8,5 милиони денари од странците преку „Безбеден град“

ЛДП: Државниот долг секојдневно расте, а сметките за граѓаните стануваат сѐ поскапи