Утрински Весник
Спорт

Македонија напредуваше две места на ФИФА-листата

Македонија напредуваше две места на ФИФА-листата

Фудбалската репрезентација на Македонја напредуваше за две позиции на ФИФА-листата. Победата над Ерменија (2:1) и ремито со Грузија (1:1) во Лигата на нации и овозможи на Македонија да се најде на 66 место.

Македонската репрезентација 66 место го дели со Саудиска Арабија и Албанија.

Македонија има најдобар рејтинг од противниците со кои ќе се сретне во Лигата на нации (Грузија е 89, Ерменија 101, а Естонија 108), а има подобар рејтинг и од противникот во баражот за пласман на ЕП Косово (116 место).

На врвот на листата е Белгија, пред Франција, Бразил, Англија и Португалија.

> Македонија напредуваше две места на ФИФА-листата <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Алкараз ќе го брани пехарот на УС опен

УС опен го зголеми наградниот фонд – за шампионите под 5,5 милиони долари, за прво коло-140.000

Македонските спортисти тргнуваат во битка за медали – рекордна делегација на Игрите во Таранто