Утрински Весник
Свет

Мадуро: Господа од ЕУ, нема да се согласиме на компромис и дијалог

Мадуро: Господа од ЕУ, нема да се согласиме на компромис и дијалог
Img 5587

Каракас никогаш повеќе нема да се согласи на компромиси или дијалог со ЕУ, доколку Унијата не ја промени својата политика за санкции, рече претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.

Тој потсети дека ЕУ воведе санкции против опозицијата која учествуваше на изборите, против судството и вооружените сили.

Ss1

„Тие се мешаат во внатрешните работи и тогаш што очекуваат? Дека ќе им се заблагодариме што не нападнаа? Не. Баравме дијалог и беа преземени важни чекори за обновување на дијалогот. Но, на тој начин – не – или ќе ја смените позицијата, или никогаш повеќе нема да има договор и дијалог со вас господа од Европската унија. Да знаете дека Венецуела знае како да одговори на заканите, без разлика од каде доаѓаат“, Заклучи Мадуро.

Претходно, ЕУ го прошири списокот со санкции за Венецуела со високи воени претставници, членови на Националниот изборен совет и член на новиот парламент.

Новите санкции беа воведени „заради нивната улога во акциите и решенијата што ја поткопуваат демократијата и владеењето на правото во земјата, како и за сериозни повреди на човековите права“.

Како одговор, Венецуела го прогласи шефот на дипломатската мисија на ЕУ во земјата за персона нон грата и и даде 72 часа да ја напушти земјата.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Невидени поплави во Бразил: „Ова е катастрофа, ќе се влошува“

Демонстрантите го блокираа автопатот во Тел Авив: Бараат од Нетанјаху итен договор за ослободување на заложниците од Газа

Барозо: Не се потребни фиксни датуми за проширувањето на ЕУ, туку постепена интеграција на кандидатите за членство