Утрински Весник
Свет

Лукашенко: Го прележав омикрон, ништо страшно

Лукашенко: Го прележав омикрон, ништо страшно
Ss2

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко објави дека повторно бил заразен, но овој пат со сојот омикрон.

„ Забележуваме дека омикрон е друг тип на вирус. Ми се чини дека се проширил на обичниот грип. Зборувам како човек кој е заразен по втор пат, овој пат со вирусот омикрон“, рече Лукашенко.

Ss1

Според зборовите на белорускиот претседател, овој вид не предизвикува пневмонија и нагласил дека се заразил, а речиси и не забележал дека е заразен. Дури на крајот, кога го направил тестот, открил дека е заразен.

Лукашенко смета дека Русија ја направила вистинската тактика во борбата против пандемијата.

„ Русија му пристапи на вирусот на вистински начин и обично се спроведуваат амбулантски третмани. Овој вирус не е толку опасен. Се разбира, постарите луѓе се поподложни на вируси, како и луѓето кои страдаат од кардиоваскуларни болести, дијабетес, болни од рак и астматичари“ истакна Лукашенко.

Тој додаде дека, се разбира, потребно е луѓето да се заштитат, но не треба многу да се грижат, туку едноставно да живеат.

Претходно, Лукашенко објави дека на крајот на јули 2020 година го победил коронавирусот без никакви симптоми. Во есента 2021 година, тој рече дека е подготвен да се вакцинира, но ќе ја чека белоруската вакцина, која треба да биде пуштена во промет во 2023 година.

Ss1

Можете да прочитате

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина и за Израел

Блинкен во посета на Кина

Словенечката опозиција бара истрага за случаите на кражба на бебиња