Утрински Весник
Спорт

Ливерпул тргнува во „лов“ на Серж Гнабри

Садио Мане се пресели во Баерн Минхен, но Ливерпул би можел да му се „одмазди“ на германскиот првак со трансферот на Серж Гнабри. Германскиот репрезентативец има уште една година од договорот со Баерн, а преговорите за продолжување на соработката не одат во посакувана насока.

Иако Ливерпул го доведе Дарвин Нуњез, кој се предвидува дека ќе биде стартер на местото на Садио Мане, клубот го напуштија и Минамино и Дивок Ориги, па Јирген Клоп сепак нема многу решенија за напаѓачката ротација.

Згора на ова, Мохамед Салах се уште не се согласува на нов договор, па можно е дури и да замине од „Енфилд“ до крајот на летото.
Гнабри игра на десната крилна позиција, а за Баерн одигра 171 натпревар, постигна 64 гола и забележа 40 асистенции.

> Ливерпул тргнува во „лов“ на Серж Гнабри <

Можете да прочитате

Герасимовски: Конечно Работнички се враќа на шампионските патеки

Ливерпул крева раце од Алонсо, ќе бара нов наследник на Клоп

Поранешниот селектор на Кина призна дека примил 10 милиони евра мито