Утрински Весник
Македонија

Кумановските пожарникари го одбележуваат Денот на пожарникарите

Кумановските пожарникари го одбележуваат Денот на пожарникарите

Куманово, 20 мај 2020 (МИА) – Кумановските пожарникари денеска го одбележуваат Денот на пожарникарите – 20 Мај. Изминативе месеци од почетокот на пандемијата, пожарникарите покрај извршувањето на редовните задачи, беа вклучени и во активности за превенција од ширење на коронавирусот во Куманово, како дезинфекција на јавни површини, згради, улици, во делење на пакети за ранливите категории граѓани. И оваа година ќе се набавува нова униформа, но посочуваат надлежните, остануваат потребите за набавка нови возила и модернизација на противпожарната единица.

– Им го честитам денот на пожарникарите во државата. Посакувам успешно да се справуваме со предизвиците. Како и во секоја работа, така и ние се соочуваме со проблеми. Веќе работиме на набавка на нова заштитна униформа за шумски пожари и на уште еден проект кој засега оди добро и се надевам дека до крајот на годинава ќе добиеме средства за модернизација, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

Во кумановската противпожарна единица ангажирани се 48 лица и располагаат со осум исправни возила. Сепак, дел од нив се постари, меѓу кои и едно возило од 1978 година. Засега возилата се користат. Од почетокот на годинава, пожарникарите интервенирале  134 пати што е значително помалку во однос на истиот период лани, кога само во март имало 140 интервенции.

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, кој ја посети противпожарната единица вели дека последниве години локалната власт вложува во доопремување на единицата. Пред година и половина беше набавена нова униформа, а сега ќе се набавува дополнителна, наменета за шумските пожари.

Претходно, додаде Димитриевски, Општината за единицата, набави и мобилно возило за логистика. И тој се сложува дека опремата е дотраена и дека се потребни дополнителни средства од државата за вложување во противпожарни единици. Посебно за Куманово, како најголема општина потребно е мобилна скала за интервенција на пожари на висококатниците.

Кумановските пожарникари покриваат подрачје на три општини Куманово, Липково и Старо Нагоричане, каде од 1 јануари веќе е формирана единица. ам/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор