Утрински Весник
Македонија

Адеми: За физичко присуство на јулската сесија, дури по донесувањето конкретен протокол

Адеми: За физичко присуство на јулската сесија, дури по донесувањето конкретен протокол
Img 5587

Скопје, 20 мај 2020 (МИА) – Ако одлучиме да им дадеме можност на високообразовните установи да организираат испити во јулската сесија со физичко присуство, тоа ќе биде по донесување конкретен протокол од страна на Владата, а предложен од Комисијата за заразни болести.

Ова е одговорот од министерот за образование и наука Арбер Адеми на денешната прес-конференција на новинарско прашање дали може ли да се организира безбедно одржување на јулската испитна сесија.

Img 5587

– Се уште е во сила уредбата со законска сила за примена на Законот за високо образование, каде е предвидена императивна норма дека може да се организираат испити, колоквиуми со средства за електронска комуникација, доколку високообразовната установа обезбеди технички услови за кредибилноста на процесот на оценување на студентите. Ние сме во постојана комуникација со високообразовните установи, така што и претходните денови и денеска и следните денови ќе бидеме во комуникација, така што секоја одлука треба да биде хармонизирана и да е во согласност со законските прописи, рече Адеми.

Тој нагласи дека во овој период кога имаме пандемија и вонредна состојба сите одлуки се мотивирани и водени од најдобар интерес за учениците, студентите, наставниците, професорите и оти навреме е усвоена уредба со законска сила со која се предвидува дека целата дејност во високообразовните установи ќе се организира и реализира со средствата за електронска комуникација.

Адеми потрнцира дека и одржувањето на испитите, колоквиумите, одбрана на додипломски трудови, магистарски и докторски трудови, е одлучено од почетокот на вонредбата состојба да се организира онлајн, имајќи предвид дека секој ученик и студент треба да продолжи со образовната надградба и во овие околности.

Во однос на државната матура, Адеми информира дека на веб страницата за МОН се објавени  и календарот за организирање на учебната година за средните училишта и сите се известени кога ќе се организира државната матура само за оние ученици кои го завршиле средното образование во претходната учебна година и кои од една или друга причина не успеале да ја поминат државната матура.

– Сите ученици кои го завршиле нивното средно образование 2019/2020 година се ослободени од обврската да полагаат државната матура и завршниот испит, а ќе добијат диплома што ќе има вредност, како и дипломите издадени во претходните години, ќе имаат ист правен ефект и законска сила од аспект на запишувањето во високообразовните институции, појасни министерот Адеми.

Тој потсети дека учебната година завршува на 10 јуни преку средствата за електронска комуникација и целиот образовен процес, вклучувајќи го и оценувањето на учениците ќе се организира и ќе се спроведува преку средства за електронска комуникација. цр/сп/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Утре и во сабота свежо и со засилен ветер (над 60 км/час) – Ќе има и врнежи и грмежи, а на највисоките планини и снег – Дожд се очекува и во Скопје

Маричиќ: СДСМ е најсериозната и единствената политичка опција во Македонија која може да обезбеди продожување на преговорите со ЕУ

Ковачевски: На изборите победува тој што може да формира влада