Утрински Весник
Македонија

Објавен конкурсот за упис во средните училишта за учебната 2026/2027, најмногу слободни места за стручното образование

Knigi.webp.webp

Министерството за образование и наука го објави конкурсот за упис во средни училишта во учебната 2026/2027 година.

Со конкурсот се предвидени  над 25.000 слободни места во сите 109 јавни средни училишта во државата. Од нив, повеќе од 17.000 се во стручното образование, речиси 6.000 во гимназиското и 570 слободни места во уметничкото образование.


Учениците ќе се пријавуваат електронски преку порталот Uslugi.gov.mk со посебна најава за ученици од сопствените кориснички сметки на schools.mk, а потоа во училиштата во кои ќе конкурираат ќе ја доставуваат потребната документација. 

Во јунскиот уписен рок ќе има две пријавувања – првото од 12 до 15 јуни и второто на 23 јуни. Во августовскиот уписен рок ќе има едно пријавување – на 20 август

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Обновувањето на Македонско-словенечкиот бизнис клуб е важен чекор кон продлабочување на економската соработка

Таткото пријавил во полиција: Син ми призна дека убил момче кај Сарај – Детали за убиството

Евакуација во „Ист гејт“ по аларм за пожар – утврдено дека станува збор за лажна тревога