Утрински Весник
Скопје

Во недела 14. издание на Авицена женска трка

Aviczena zhenska trka 2026 scaled.jpg

Оваа недела (05.04.2026) ќе се одржи 14. издание на „Авицена Женска Трка”. Стартот и целта на трката ќе биде во 10:00 часот од булевар „Илинден”, во близина на фонтана „Лотос”, додека должината на самата трка е 3 километри. Пред самиот почеток, во 09:40 часот, предвидено е и загревање со аеробик вежби. 

Во периодот од 09:00-11:00 часот ќе има посебен сообраќаен режим на булеварот „Илинден”.


По истрчаните 3 километри ќе се прогласат најдобрите, а потоа следува лотарија со извлекување на среќни стартни броеви од сите учеснички и доделување подароци обезбедени од партнерите на трката.

Трката е во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје. Организаторите на настанот известуваат дека и оваа година има пријавени 3.350 учеснички и на сите учеснички на трката им посакуваат среќа. 

Можете да прочитате

Координативен состанок со скопските градоначалници за последиците од невремето

Екипите на Општина Чаир непрекинато на терен по невремето

ЈП Комунална хигиена спроведува активности за расчистување по вчерашното невремето