Утрински Весник
Македонија

Во општина Богданци почна да се проширува на уличното осветлување

Во општина Богданци почна да се проширува на уличното осветлување

Гевгелија, 20 мај 2020 (МИА) – На целата територија на општина Богданци се изведуваат активности за изградба на нови линии за улично осветлување со цел да се подобри видливоста на локалните патишта и улици и да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

-На одредени места ќе бидат поставени само улични светилки на веќе постојните бандери,а на локациите каде што недостасуваат ќе бидат поставени комплет нови бандери со улични светилки.Вкупно планираме да инсталираме 32 нови економични сијалици и да поставиме 15 нови бандери во Богданци и трите населени места Ѓавото,Стојаково и Селемли,велат од општината.

За реализација на овој проект општина Богданци ќе издвои околу 625.000 денари од сопствениот буџет. им/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ахмети повика на предвремени избори „Ситуацијата во земјава не треба дополнително да се влошува“

Нова еколошка катастрофа тлее кај Рашче – под закана е изворот од кој со вода се снабдува Скопје, велат од СДСМ

Уапсени малолетници од Скопје, физички нападнале и се обиделе да ограбат 14 годишно дете