Утрински Весник
Свет

Кулеба: Русија води енергетска војна против Европа

Img 5587

„Русија води енергетска војна против Европа“ тврди министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба.

„Со децении Русија гасот и нафтата ги користи како оружје. Затоа не треба да не изненадува што повторно истото го прави. Мислам дека користењето на гасот како оружје е јасна порака за Австрија и Германија да забрзаат со преминот кон извори на обновлива енергија“ вели Кулеба за австриската телевизија „Пулс24“.

300x250 (7)

Кулеба изрази уверување дека намалената испорака на гас нема да доведе до разединување во ЕУ. Истакна дека на крајот Русија ќе загуби, а Украина и ЕУ ќе се победници.

„Не верувам дека санкциите ќе бидат укинати или притисокот кон Русија ќе се намали“ смета Кулеба.

Ss1

Можете да прочитате

И Порошенко се најде на руска потерница

Русија распиша потерница по Володимир Зеленски

Бројот на жртвите од поплавите во Бразил се зголеми на 56