Утрински Весник
Економија

Кузеска: 309.000 граѓани добија платежни картички во вредност од 26.8 милиони евра

Кузеска: 309.000 граѓани добија платежни картички во вредност од 26.8 милиони евра

Преку мерката ‘купувам домашно’, како дел од сетот економски мерки, вкупно се изработени и подигнати 309.000 картички во вредност од 26.8 милиони евра, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Од нив 16.5 милиони евра се наменети за 113.000 невработени граѓани и граѓани кои се приматели на социјална помош, над 5.4 милиони евра за 111.000 вработени граѓани со ниски примања, а над 4 милиони евра за 81.000 млади граѓани, како и преку 900.000 евра за 4.000 здравствени работници.

„Токму оваа мерка го поддржа и помогна домашниот буџет на граѓаните, ја зголеми потрошувачката, како и работата и производството на домашните компании“, рече Кузеска.

Посочи и дека преку мерката ‘Дома си е дома’, Владата предводена од СДСМ доделила ваучери за туризам на 117.000 граѓани во висина од 12 милиони евра, како директна помош за туризмот и угостителството како едно од најпогодените гранки.

„СДСМ како одговорна партија останува посветена на креирање мерки што значат вистинска грижа за сите граѓани, обезбедуваат спас на работните места, како и помош и поддршка на компаниите во најпогодените сектори“, изјави Кузеска.

Во тек е подготовката на четвртиот пакет антикризни мерки, со цел поддршка и на работниците и на компаниите.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Здруженијата на превозници од Западен Балкан утре на средба во Скопје за решавање на проблемот на професионалните возачи во Шенген зоната

Од полноќ значително поевтини горива

Македонија станува сè попривлечна за странските туристи – што стои зад растот?