Утрински Весник
Свет

Кремљ ја отфрли статијата на „Ле Монд“ според која Путин кажал дека Навлни самиот се отрул

Кремљ ја отфрли статијата на „Ле Монд“ според која Путин кажал дека Навлни самиот се отрул
300x250 (7)

Франанцускиот весник „Ле Монд“ објави дека рускиот претседател Владимир Путин, во телефонскиот разговор со својот француски колега Емануел Макрон му рекол дека рускиот опозиционер Алексеј Навални можеби самиот се отрул, пренесува „Спутник“.

„Темата за берлинскиот пациент беше всушност дискутирана за време на неодамнешните разговори меѓу претседателот Путин и претседателот Макрон. И ние известивме за тоа. Во исто време, весникот целосно неточно ги пренесува нивните изјави“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Ss1

Тој исто така нагласи дека ако весникот ги пренел точните изјави, тоа ќе значи дека француските власти им го дале транскриптот од разговорот на медиумите, што, според него, не може да биде точно.

Песков исто така истакна дека отровот „новичок“ сега може да го произведуваат многу земји, па затоа може да биде невозможно да се открие неговото потекло.

Руската опозициска фигура и шеф на Фондацијата за борба против корупцијата, Алексеј Навални, тешко се разболе за време на летот од градот Томск на 20 август.  Авионот итно слета во Омск, каде што Навални првично се лекуваше, а по два дена, откако лекарите дозволија негов превоз, тој беше пренесен во болницата „Шарита“ во Берлин, на барање на неговото семејство.

Германски лекари тврдат дека примероците на Навални содржат траги од нервен агенс од групата „новичок“. Сепак, Берлин не ѝ обезбеди на Москва никакви докази за тоа и одби да формира заедничка комисија или да ѝ помогне на истрагата што ја почнаа руските полициски органи.

Москва го коментираше случајот, велејќи дека Русија не произведува никакви супстанции од групата „новичок“ откако ОПЦВ го потврди уништувањето на залихите на хемиско оружје во раните 90 години на минатиот век.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Кремљ: Неосновани се обвинувањата на САД дека руските сили користеле хемиско оружје во Украина

Невидени поплави во Бразил: „Ова е катастрофа, ќе се влошува“

Демонстрантите го блокираа автопатот во Тел Авив: Бараат од Нетанјаху итен договор за ослободување на заложниците од Газа