Утрински Весник
Спорт

Кубица: Пред сезоната 2020 година, шест тима во Формула 1 беа заинтересирани за мене

Кубица: Пред сезоната 2020 година, шест тима во Формула 1 беа заинтересирани за мене
Ss2

Лондон, 24 март 2020 (МИА) – Тимскиот тркач на АРТ во серијалот ДТМ и пилот за тестирања на Алфа Ромео 1 во Формула 1, Роберт Кубица изјави дека бил во преговори со шест различни екипи од Ф1 шампионатот пред сезоната 2020.

– Да, јас имам 35 години и не се тркам веќе осум години, навистина многу пропуштив. Да се ​​вози автомобил во Формула 1 е нешто посебно, иако вистинските трки и тест-трките се многу различни. Оваа година сум тест пилот, мојата улога во Алфа Ромео е различна од ланската во Вилијамс, но имам можност да управувам со еден од најдобрите автомобили во светот. Во Формула нема да имам борба на тркала, но тоа ќе го добијам настапувајќи во ДТМ. На Интернет прочитав дека за мене се интересираа Хас и Расин Поинт. Преговаравме со нив, вистина е, иако всушност шест екипи покажаа интерес за мене, јас бев поканет во разни улоги за сезоната 2020. Зошто отидов во Алфа Ромео? Овој тим овозможи да ја заземам позицијата на тест пилот и да учествувам на натпревари во друга тркачка серија, изјави Кубица.

Img 5587

Поради коронавирусот, неизвесно е кога ќе почне новата сезона во Формула 1. зс/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Пол-позицијата на Ферстапен пред спринт трката во Мајами

УЕФА го зголеми бројот на играчите за ЕП 2024

Надал ги демантираше гласините за пензионирање по Ролан Гарос