Утрински Весник
Македонија

Крушево со нова комунална опрема за чиста туристичка средина

Крушево со нова комунална опрема за чиста туристичка средина

Крушево, 29 февруари 2020 (МИА) – За развој на туризмот и за промоцијата на Крушево како чиста дестинација, градските власти го доопремуваат јавното комунално претпријатие „Комуна“. Преку проектот за подобрување на општинските услуги на Министерството за финансии, набавени се камион за метење и чистење – метларка, мулчер и 21 контејнер. Набавката е преку заем од Светска банка.

Опремата е веќе во Крушево и со неа, според градските власти, продолжува процесот на опремувањето и модернизацијта на јавното комунално претпријатие „Комуна“, како и исполнување на еден од предусловите за туристички развој, а тоа е чиста дестинација. Инвестицијата изнесува 4.909 222 денари.

Проектот ќе придонесе за остварување на визијата на Крушево како целогодишна дестинација за туризам со богата понуда, нагласуваат од локалната самоуправа. Проектот овозможува и спроведување на оперативниот план на крушевското комунално претпријатие за управување со отпадот, како и за чиста и еколошка дестинација, заедно со подигнувањето на јавната свест кај населението. ем/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тешка сообраќајна несреќа пред влезот на Клинички центар

Мицотакис: Не гласавме за договорот од Преспа затоа што со него се признава македонската нација и јазик

Петровска: Нападот на Кацарска е напад на слободата и демократијата