Утрински Весник
Македонија

Претрес во скопско, пронајдени дрога и оружје

Image 2026 10 08 123017722.png

На 07.10.2026 во 07:30 часот, полициски службеници од од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода М.М.(43) од с.Глумово, скопско.

При претреси во неговиот дом во с.Глумово и во негов угостителски објект во с.Сарај, извршени со наредба на Основен кривичен суд Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија пронајдоа и одзедоа четири шприцови со масло од канабис, пиштол „Глок“ калибар 9х19, 88 куршуми од истиот калибар и ловечка пушка.


Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Притвор и куќен притвор на двете вработени во АД „Државна лотарија“ за проневера на 1,3 милиони евра

Лани дијагностицирани 1.000 нови пациенти со рак на дојка

Шасивари на Меѓународниот самит за правда во Истанбул