Утрински Весник
Македонија

Кривична против раководителката во Центарот за вработување, од службена картичка потрошила над 10.000 евра

Кривична против раководителката во Центарот за вработување, од службена картичка потрошила над 10.000 евра

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Слободанка Алексовска, која како поранешен раководител во Центар за вработување при Агенцијата за вработување, од службената картичка за сопствени потреби потрошила 10.325 евра. Таа се товари за злоупотреба на службената положба и овластување.

„ Пријавената го сторила кривичното дело во својство на службено лице од позиција на раководител, при што во периодот од 01.01.2014 до 30.04.2017, злоупотребила и ненаменски искористила парични средства од благајната на Центарот за вработување при АВРМ, кои биле одобрени за службени потреби и репрезентација на Центарот, а таа, со намера за себе да прибави корист, злоупотребувајќи ја својата службена положба и пречекорувајќи ги границите на службените овластувања, вршела набавки на стоки и услуги за свои лични потреби, а не за потребите на службата“ се наведува во соопштението.

Алексовска нанела штета на Буџетот во вкупен износ од 635.065 денари (10.325 ЕУР).

Можете да прочитате

Седум амандмани прифатени од вкупно 105 поднесени за Предлог на законот за судска служба

Невреме со пороен дожд во Штип и Гевгелија

Мојсоска: Законот за судска служба ја става судската власт под контрола на извршната и ги уназадува правата на вработените во судовите