Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за жена од Дебар, го тепала нејзиниот осумгодишен син и го терала да питачи

Кривична пријава за жена од Дебар, го тепала нејзиниот осумгодишен син и го терала да питачи

Полицијата поднесе кривична пријава против 28-годишна жена од Дебар која физички го малтретирала нејзиниот син и го терала да питачи.

Според информациите на МВР,  М.Н.(28) е приведена поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело запуштање и малтретирање дете.

Таа, околу 15:30 часот на улицата Климетица во Струга физички го нападнала својот осумгодишен син и го присилувала да питачи.

Од полициски службеници и претставници од Центарот за социјални работи детето било пренесено во Општата болница во Струга каде што му била укажана лекарска помош и констатирани телесни повреди, по што било пренесено и сместено во Јавната установа „Мајчин дом за доенчиња и мали деца“ во Скопје.

Можете да прочитате

„Отворен ден со Царинската управа” во Куманово: околу илјада посетители се запознаа одблизу со оперативното работење на Мобилна Царина

Малолетник удрен од автомобил во Скопје

Сопругата на Мицкоски, Рози, на глобален самит во Вашингтон во организација на Меланија Трамп: