Утрински Весник
Магазин

Орландо Блум сурфал со ајкула во придружба

Орландо Блум сурфал со ајкула во придружба
Ss2

На прв поглед секој може да помисли дека е сцена од „Ајкула“, хорор-филм на Стивен Спилберг за огромна бела ајкула која тероризира мала крајбрежна заедница.

Но, сликата на заканувачка ајкула која кружи околу даската за сурфање на холивудската sвезда Орландо Блум е всушност реална, а актерот го привлече вниманието додека се движел низ водите на Пацификот крај брегот на Малибу.

Ss1

Блум (44) сурфал со пријател кога Карлос Гауна снимил клип со голема млада бела ајкула како се движи во водата под него.

Актерот го тагна односно го означи Гауна – локален фотограф кој стекна слава на социјалните мрежи со неговите преубави фотографии од зајдисонце околу Малибу.

„Супер ден, човеку“, напиша Карлос на објавата на Орландо. „Имаше убав поглед на голема млада бела ајкула. Среќно за тебе! Нешто што никогаш нема да го заборавиш. Многу мирна ајкула која се лади во Малибу!“

Ss1

Можете да прочитате

Користењето скали штити од срцева слабост, срцев и мозочен удар

Принцот Вилијам повеќе не е најпопуларен, го престигна Кејт Мидлтон

Дали се остваруваат предвидувањата на Нострадамус за 2024 година?