Утрински Весник
Економија

Филипче побара Владата итно да ги прифати мерките на СДСМ, ДДВ за горивата на 5%, помала акциза, укинување на ДДВ за храна

Venko filipce pres sdsm 2.jpg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обивни дека Мицкоски закасни со една половична мерка без ефект за намалување на цените и побара Владата итно да ги прифати мерките на СДСМ, намалување на ДДВ за горивата на 5%, помала акциза за 4 денари и укинување на ДДВ за храна.


Само со вакви конкретни мерки може да се постигне реално намалување на цените и заштита на животниот стандард на граѓаните.

„Намалувањето на цената на ДДВ-то за горивата од 18% на 5%, дополнително намалување на акцизата за горивата за 4 денари, 0% ДДВ за основните прехранбени продукти и преполовување на цените на патарините. Само со мерката за укинување на ДДВ на храната ќе поевтинат околу 250 производи, а граѓаните ќе заштедат над 2.000 денари. Тоа се вистински мерки и затоа владата мора апсолутно веднаш овие мерки да ги прифати и потоа да подготви и пакети за помош на ранливите категории”, посочи Филипче.

Тој предупреди дека очигледно е дека оваа влада намерно избегнува суштински мерки како што се намалување на акцизите на ДДВ-то, нешто што навистина може да даде реално поевтинување на цените на горивата, како и намалување на ДДВ-то на храната.

„Суштинските решенија мора да опфатат и мерки за долгорочно намалување на цените на храната, комбинирано и со акцизите на цените на горивата. Луѓето немаат пари да ги прехранат семејствата. Дополнително, треба да се подготват пакети со помош за најранливите категории на граѓани, понатаму пакети за помош и на земјоделците. Најреален ефект којшто ќе се почувствува, кој што граѓаните ќе го почувствуваат, стопанството ќе го почувствува е да се прифатат нашите предлог-закони, предлог мерки”, рече Филипче.

Можете да прочитате

Шпанија го засилува истражувањето на бакарот, Македонија сè уште не го користи потенцијалот од Иловица

Рудник САСА го одбележува Денот на рударите со награди за вработените и нови инвестиции во безбедно и одржливо производство

„И здравје и работа“: Да градиме рударство што создава работа, развој и сигурна иднина