Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Во ВМРО-ДПМНЕ се свесни дека во Скопје ги чека нов пораз

СДСМ: Во ВМРО-ДПМНЕ се свесни дека во Скопје ги чека нов пораз
Ss2

ВМРО-ДПМНЕ ги засилува лажните вести против Петре Шилегов онака како што се наближува датумот за избори и нивниот извесен пораз, реагираат од СДСМ по денешните обвинувања изнесени од страна на Наум Стоилковски.

„ВМРО-ДПМНЕ нема да понуди ништо конкретно, па затоа мора секојдневно да лаже и да манипулира измислувајќи нови конструкции. 27 години ВМРО-ДПМНЕ не направи ништо за Скопје, напротив, го уништуваше градот за лични и бизнис-интереси на поединци, а најеклатантен пример за тоа е проектот Скопје 2014“, велат од СДСМ од каде се уверени дека на 17 октомври следува, како што велат, нов убедлив пораз на партијата на Мицкоски во главниот град.

Img 5587
Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт