Утрински Весник
Магазин

Крем-торта „Сладок грев“- идеален десерт за топли летни денови

Крем-торта „Сладок грев“- идеален десерт за топли летни денови

Ви се јаде нешто благо, но самата помисла на рерна или шпорет на овие горештини ви го расипува апетитот?

Колку е вкусна крем-тортата „Сладок грев“ кажува нејзиното име, а за многумина е на врвот на списокот десерти, особено во жешките летни денови, токму затоа што не е печена или матена.

Одлична брза торта со ванила и чоколадо што не треба да ја печете во рерна. Сè што треба да направите е да подготвите крем, да го распоредите во слоеви и да уживате во слатката рапсодија на оваа торта со интересен пресек.

Со редење на слоевите, ќе добиете фина комбинација на вкусови што одлично ќе ви годат, особено кога е свежа од фрижидер. Пресекот на оваа торта е ефектен, па можете слободно да ја послужите на гости. Веројатно ќе биде тешко да поверувате колку малку време ви треба да ја направите оваа фина крем-торта.

Состојки – 300 гр бисквити (Petit beurre), 200 гр чоколадо, 6 лажици масло, 8 лажици млеко, 2 вреќички инстант пудинг од ванила, 500 мл млеко, 200 гр павлака, 200 мл слатка павлака, декорација по избор (шлаг).

Начин н априготвување – исечкајте го чоколадото на коцки и потоа додадете масло и млеко. Се топи комбинацијата на состојки во микробранова печка или на пареа. Растворената смеса оставете ја настрана да се излади. Изматете го пудингот со млекото, додадете ја павлаката, па убаво измешајте ја во смесата и на крај додадете ја слатката павлака. Ставете слој бисквити во плех за торти 30х20. Нанесете четвртина од кремот за пудинг на бисквитот, а потоа половина од смесата со чоколадо. Ставете го калапот во фрижидер за да гсе стегне чоколадниот слој. Повторно ставете четвртина од кремот за пудинг врз чоколадото и продолжете со бисквитот, повторно со кремот за пудинг, па со чоколадото, а потоа повторно со чоколадото, кремот за пудинг и бисквитот.

Можете да прочитате

Позната српска водителка пронајдена мртва во стан во Белград

Овие три навидум здрави намирници предизвикуваат дебелеење

Напиток од лимон и маслиново масло за здрав црн дроб