Утрински Весник
Македонија

Регистрирани нови 54 случаи на Ковид-19

Регистрирани нови 54 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.764 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на Ковид-19 и тоа во Скопје – 16, Тетово – 9, Битола и Дебар – по 6, Куманово – 5, Кочани – 3, Гостивар и Струмица – по 2, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Радовиш и Валандово – по 1 лице.

Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од: Скопје – 7, Тетово – 3, Кочани и Гостивар – по 1 лице.

Од министерството информираат дека не се регистрирани починати пациенти.

Направени се 3.764 тестови преку: ИЈЗ-108, ЦЈЗ Скопје-71, ЦЈЗ Битола-49, ЦЈЗ Прилеп-46, ЦЈЗ Тетово–21, ЦЈЗ Куманово–27, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-11, Институт за микробиологија–21, Жан Митрев (Филип Втори)-37, Авицена-165, Биотек-144, Систина-86, лабораторија Лаор-410, Синлаб-27, Ремедика-19, Плодност–24, Генеа–3, Никоб лаб-743, ВФВ Медикал-35, Ели Медика-3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.714.

Досега според ресорното министерство во земјата се направени вкупно 966.813 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.225 бројката на оздравени пациенти е 150.333, на починати е 5.491, а бројот на активни случаи изнесува 401.

Можете да прочитате

Тетовец измамен за 3400 евра со лажна сообраќајка

Измамен гостиварец за 1200 евра, сакал возачка без да полага

Жена тешко повредена откако паднала во градски автобус