Утрински Весник
Свет

Косовскиот политичар Беџет Пацоли пријавил имот вреден стотици милиони евра

Косовскиот политичар Беџет Пацоли пријавил имот вреден стотици милиони евра
Ss2

Поранешниот претседател на Косово и лидер на Алијанса за ново Косово, Беџет Пацоли, пријавил во Агенцијата за борба против корупцијата имот во вредност од повеќе стотици милиони евра, пренесува „Газета експрес“.

Врз основа на документите што ги поднел, може да се види дека само неговиот приватен авион вреди 10 милиони евра.

Img 5587

Пацоли има осум автомобили во вредност од околу еден милион евра, додека на сметки во банки има околу пет милиони евра, пренесе „Косово онлајн“.

Тој навел и дека поседува имот надвор од Косово вреден 125 милиони евра и земјиште и деловни простории кои вредат милион евра.

Пацоли поседува и земјиште во странство кое вреди повеќе од седум милиони евра, додека една од куќите што ги има чини околу 18 милиони евра. Исто така, тој е сопственик на хотелот „Дајмонд“ во Швајцарија, чија вредност се проценува на 42 милиони евра.

Има акции вредни околу еден милион евра во 20-тина компании, а во некои од нив поседува 100 отсто од акциите.

Неговата заштеда се брои во милиони, а само во една банка во Приштина, чиј годишен приход е два милиони долари, има заштеда од повеќе од четири милиони евра.

Тој своето богатство го зголемува со приходи од Економикe банка, Мабетек холдинг, банкарски депозити и од Собранието на Косово, пишува „Газета експрес“.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Маж со нож нападнал луѓе во центарот на Осло, полицијата веднаш го уапсила

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање