Утрински Весник
Македонија

Конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга за 2020 година

Конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга за 2020 година
Ss2

Струга, 1 јуни 2020 (МИА) – Националната установа „Струшки вечери на поезијата“ го распиша Конкурсот за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за тековната 2020 година, која се доделува за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на СВП, објавена на македонски јазик во периодот од 1 јуни 2019 до 31 мај 2020 година.

Според однапред утврдените критериуми, право на учество на Конкурсот „Браќа Миладиновци“ имаат и двојазични дела, со тоа што оригиналот мора да биде на македонски јазик, односно да не биде превод од друг јазик.

Img 5587

На конкурсот пријави можат да поднесат авторите или нивните издавачи во согласност со нив. Пријавените поетски книги треба да се првообјавени во периодот за кој се доделува наградата и да не бидат претходно објавени на друг јазик.

На конкурсот можат да бидат пријавени само дела од еден автор. Коавторски дела се неприфатливи, а исто така нема да бидат прифатени ниту книги на членови или блиски роднини на членови на Управниот одбор на СВП, директорот на СВП, вработените или на членови на жири-комисијата.

Учеството на конкурсот значи дека евентуалниот лауреат ги отстапил авторските и издавачките права на СВП за употреба во промотивни и некомерцијални цели на целата книга или на нејзини делови во оригинал или во превод на други јазици во печатена или дигитална форма, на интернет, како и за други настани поврзани со наградата и наградениот поет.

Конкурсот за наградата „Браќа Миладиновци“ е отворен заклучно со 20 јуни годинава.

Авторите или издавачите за учество на конкурсот треба да пратат шест примероци од книгата на адресата на НУ Манифестација „Струшки вечери на поезијата“ – Поштенски фах 111, „Браќа Миладиновци“ бр.5, 6330 Струга. аб/хс/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Силен СДСМ во Собранието е потребен за да не дозволиме ВМРО повторно да владее неконтролирано

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на соживот и плати од 1.300 евра

Ковачевски: Со СДСМ, Македонија влезе во ООН, стана членка на НАТО и отвори преговори со ЕУ