Утрински Весник
Култура

„Кожурец“ – филм за растењето и будењето премиерно во Кинотека

„Кожурец“ – филм за растењето и будењето премиерно во Кинотека
Ss2

Заводливата приказна за полнолетството и сексуалното будење „Кожурец“ на германската режисерка Леони Крипендорф вечерва (25 февруари) во 20 часот ќе има премиерно прикажување во Кинотеката на Северна Македонија.

Филмот учествуваше во официјалната програма на Берлинале 2020 и беше номиниран за наградите „Сребрена мечка“ и „Теди“ во програмата наменета за младите гледачи (Generation 14+). Учествуваше и на фестивалите во Сао Паоло (Бразил) и Гвадалахара (Мексико).

300x250 (7)

Берлинската населба Кројзберг е микрокосмосот на Нора. Нора, тивок набљудувач, секогаш тагира на социјалните мрежи: на забавите, во училиште, на базен, на покривите и во апартманите. Заедно со постарата сестра и со пријателите талкаат по здодевниот пејзаж на станбените блокови, набљудувајќи ги минувачите: девојчиња што сакаат да бидат витки и убави, момчиња што „тресат“ глупости само за да провоцираат или затоа што се вљубени. Сето тоа забележано од камерите на паметните телефони. Нора на посебен начин го набљудува светот околу неа, и кога ќе го запознае Роми ќе сфати зошто: музиката е во воздухот, телото на Нора се менува, а гасениците излегуваат од нивните кожурци. Филмот го бележи летото на промени кај Нора…

Филмот е наменет за возрасна категорија над 12 години.

Дистрибутер е „Катавеј“ од Скопје, а дистрибуцијата е поддржана од Германскиот филмски фонд.

Текстот „Кожурец“ – филм за растењето и будењето премиерно во Кинотека е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“