Утрински Весник
Македонија

Ковачки до Спасовски: Ако сакате да живеете во спомени, повлечете се од политиката и пишувајте мемоари

300x250 (7)

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со празна емоција се потсетува на 2015 година, вели во објава на социјалните мрежи Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, како одговор на текстот на Спасовски кој денеска на „Фејсбук“ се потсети на годишнината од протестот на 17 мај 2015 година, одржан против тогашната власт.

„Човек да се запраша дали некој го известил дека сега сме 2022 година, а не 2015 и дека за 2 седмици влегуваме во шестата година од дивеењето на ДУИ и СДСМ во државата.

Ss1

Се присетува Спасовски дека го ослободиле судството, независноста на медиумите и што ли уште не.

Спасовски, Заев и Шекеринска не’ ослободиле од “режимот”.

Вака министре Спасовски:

Прво, довербата во Судството е непостоечка односно 9 од 10 граѓани не веруваат во него. Тоа ви го кажа и амбасадорката на САД. Кој лаже, вие или таа?

Второ, од спомени не се живее. Ако сакате да живеете во спомени, тогаш повлечете се од политиката и пишувајте мемоари.

Трето, цели пет години ја труете македонската јавност со Груевски и ланскиот снег, додека истовремено крадете, шверцувате дрога, договарате пресуди и вршите политички прогони врз неистомислениците, газите врз македонското достоинство и плукате на се’ што е македонско“, пишува Ковачки.

Претставнкот на ВМРО-ДПМНЕ воедно констатира дека со 15 пратеници ДУИ, како што вели, командува, ја пљачка државата и на секое ниво зема мито по сопствено уверување.

„Но, интересот е взаемен, крадат тие, крадете и вие. Без пардон. И кога ќе ве фатат со рацете во медот, веднаш ја активирате приказната за “режимот”. Тука на располагање ви се и “ослободените медиуми” односно вашите платени мегафони кои дебело ги кеширате за да ви ја рашират лагата.

Спасовски ја критикува активната блокада на Собранието, а не сака збор да каже за нецивилизираниот и примитивен однос на неговиот Талат Џафери кон вработените во Собранието“, додава претставникот на опозициската партија кој на министерот за внатрешни му порачува дека владата ќе падне и, како што вели, нема повторно да стане.

„И ќе си одговарате од прв до последен, пардон не смее да има за никој. На Македонија и’ треба ред и поредок“, заклучува Ковачки.

Ss1

Можете да прочитате

Спасовски: На крвавиот 27 април не се повлековме, нема да се откажеме од Македонија ниту на 8 мај!

Мицкоски: Бранот на промени ќе ја порази оваа власт

Битиќи: На 8 мај гласовите се бројат од нула