Утрински Весник
Македонија

Ковачевски – Чука: Проширувањето со земјите од Западен Балкан е безбедносно прашање за ЕУ

Ковачевски – Чука: Проширувањето со земјите од Западен Балкан е безбедносно прашање за ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски денеска остварил средба со неговиот романски колега, Николае Чука.

Како што информираат од владината прес-служба, двајцата премиери, на средбата на маргините на Состанокот на земјите членки на НАТО од Југоисточна Европа, изразиле задоволство од одличните билатерални односи.

„Пријателството на Романија, Северна Македонија го препознава и во силната поддршка на оваа земја во остварувањето на нашата стратешка цел за интеграција во ЕУ“, посочил Ковачевски.

Двајцата соговорници се согласиле дека војната во Украина е доказ за итноста од проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан и дека тоа денес е безбедносно прашање за Европа.

Можете да прочитате

Исмаил: Една изборна единица е единствен пат до фер избори – зошто медиумите молчат

ВЛЕН утре на Конгрес за обединување во еден политички субјект

Денешниот ден ни носи пообилни врнежи, грмежи и можност за невреме