Утрински Весник
Свет

Кинеската вакцина е 50,7 проценти ефикасна против бразилскиот сој на Ковид-19

Кинеската вакцина е 50,7 проценти ефикасна против бразилскиот сој на Ковид-19

Вчера во Бразил од Ковид-19, починаа 1803 лица а големо истражување спроведено во таа земја покажа дека кинеската вакцина, која е главен избор во бразилската кампања за вакцинација, е 50,7 проценти ефикасна против новиот бразилски вид на коронавирусот.

Бразил, кој стана глобален епицентар на пандемијата на коронавирусот во последните неколку недели, забележа повеќе од 37.000 нови случаи, соопшти вчера Министерството за здравство.

Со повеќе од 353. 000 смртни случаи, најголемата латиноамериканска земја е втора по стапката на смртност од Ковид-19 во светот, по САД.

Ширењето на болеста неодамна влезе во најтешката фаза поради недостаток на државни мерки и несоодветна кампања за вакцинација.

Биомедицинскиот институт „Бутантан“ од Сао Паоло, кој ја тестираше и сега ја произведува вакцината „Коронавак“ од кинеската компанија „Синовак“, во неделата соопшти дека студија спроведена на 12.400 волонтери низ Бразил покажала дека вакцината е 50,7 проценти ефикасна во борбата против варијантата „П1“ и против помалку распространетиот вид познат како „П2“.

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој изрази сомнеж за вакцината и е критикуван за справување со пандемијата, првично изјави дека неговата влада нема да ја купи вакцината на „Синовак“. Оттогаш владата направи пресврт и се обиде да обезбеди залихи, со што кинеската вакцина е најраспространета во земјата.

Можете да прочитате

Британец добил џекпот од 10,2 милиони фунти и го поделил со своите соседи

Бројот на загинати во Газа надмина 35.000

Ердоган: Нетанјаху би го направил Хитлер љубоморен со неговите геноцидни методи