Утрински Весник
Свет

Кина го отповика амбасадорот од Литванија поради најавената мисија на Тајван

Кина го отповика амбасадорот од Литванија поради најавената мисија на Тајван

Кина го отповика својот амбасадор од Литванија поради плановите на Вилнус да дозволи дипломатско претставиштво на Тајван во земјата, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи, пренесува ТАСС.

„Литванската влада, која игнорираше бројни дипломатски прекори и предупредување од Кина за можни последици, рече дека ќе ѝ овозможи на тајванската администрација да формира тајванска дипломатска мисија“, велат од кинеското МНР.

„Кинеската влада изрази силен протест против овој потег и одлучи да го повлече кинескиот амбасадор од Литванија и побара од литванската влада да го отповика литванскиот амбасадор од Кина“, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Војната во Иран досега ја чини Америка 29 милијарди долари

Три британски министерки поднесоа оставки и го повикаа Стармер да се повлече

Си-ен-ен: Трамп губи трпение, враќањето на големи воени операции сѐ поверојатно