Утрински Весник
Свет

Ирак сака да организира саудиско-иранска средба на маргините на самитот во Багдад

Ирак сака да организира саудиско-иранска средба на маргините на самитот во Багдад

Ирачките лидери работат на организирање билатерална средба меѓу Иран и Саудиска Арабија на маргините на самитот што треба да се одржи во Багдад подоцна овој месец, пренесува иранската телевизија „Ал-Мајадин“.

„Багдад се обидува да стави крај на прекинот на врските меѓу Техеран и Ријад по билатералните состаноци зад затворени врати“, се додава во најавата.

Според „Ал-Мајадин“, политички пртставници на Иран, Саудиска Арабија, ОАЕ, Турција и на неколку други блискоисточни земји треба да присуствуваат на регионалниот самит во Багдад, на кој се очекува да присуствува и францускиот претседател Емануел Макрон.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Саид Катибзаде. Претходно во мај  изрази подготвеност на Иран за дијалог со Саудиска Арабија на кое било ниво, но истакна дека ако реториката на Саудиска Арабија не доведе до промена на нејзиното однесување, разговорите нема да имаат практични резултати.

Можете да прочитате

Трамп: Куба побара помош, ќе разговараме со Хавана

Раскол кај британските лабуристи: Над 100 пратеници го поддржаа Стармер, 80 бараат негова оставка

Путин најави распоредување на „најмоќната ракета во светот“ до крајот на годината