Утрински Весник
Македонија

Кај Демир Капија пронајдени 11 мигранти од Бангладеш

Кај Демир Капија пронајдени 11 мигранти од Бангладеш

Во утринските часови на 30 јули во близина на наплатната станица „Демир Капија“, на автопатот А-1, при полициска контрола на две возила биле пронајдени 11 мигранти од Бангладеш.

Како што информираат од МВР, запрени биле автомобил „бмв“, со велешка регистрација, управуван од О.Д.(46) и „фолксваген фејтон“, со тетовски регистарски озанки, управуван од С.М. (37), двајцата од велешкото село Бузалково.

Пронајдените мигранти се сместени во прифатно-транзитниот центар Гевгелија, за понатамошна постапка.

За настанот е известен Јавен обвинител, по чии насоки против возачите ќе биде поднесена кривична пријава.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Од Алта банка повлечени два милиони евра, користењето картички ограничено на 10.000 денари неделно

Народната банка го презеде управувањето со Алта банка Битола

ВО ЖИВО: Прес-конференција на гувернерот Трајко Славески