Утрински Весник
Македонија

Казнети 274 возачи во Скопје, од кои 14 возеле пијани

За еден ден казнети 301 возач во Скопје

Полицијата вчера казни 274 возачи во Скопје, од кои 14 возеле пијани.

Според информациите на Министерството за внатрешни работи во Скопје се изречени 274 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 111 санкции, 25 за возење без возачка дозвола и 14 за управување под дејство на алкохол. Казнети се и 27 мотоциклисти.

Изречени се девет казни за користење мобилен телефон, шест за нерегистрирани возила, осум за некористење сигурносен појас, четири за недавање првенство на минување на пешаци, четири за возач почетник, 21 санкција за непрописно паркирање.

„Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Можете да прочитате

Западнонилската треска се шири во Македонија – Осум случаи, сите заболени развиле тешка форма

Двајца стоматолози осомничени за мито за положен стручен испит

Барал пари од мајка си, па ја удирал и кубел – а друг и ја приклештил раката со врата и почнал да вози