Утрински Весник
Македонија

Казнети 217 возачи во Скопје

Казнети 217 возачи во Скопје

Полицијата за еден ден казнила 217 возачи во Скопје.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 217 мерки, меѓу кои 23 за возење без возачка дозвола, 16 за нерегистрирани возила, 7 за технички неисправни возила за јавен превоз, 16 мерки за користење на мобилен телефон при управување на возило, 11 за некористење сигурносен појас.

Изречени се и 11 мерки за минување на црвено светло, 46 за непрописно паркирање, 14 возила се подигнати со „пајак“, 14 санкции за неносење на заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Повторно судење за второ и трето обвинетиот лекар за случајот со родилката од Дебар

Охриѓанец со лажно одобрение за градба рекламирал и продавал станови кои не постојат

ФЗО: Буџетот достигна 836 милони евра, скок на транспарентноста минатата година