Утрински Весник
Македонија

ИЈЗ: Минатата недела имало за 8 проценти помалку заболени со Ковид-19

ИЈЗ: Минатата недела имало за 8 проценти помалку заболени со Ковид-19

Намалување од 8,1 отсто на бројот на новозаразени од Ковид-19 минатата седмица во споредба со претходната, бележи Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во неделниот извештај за состојбата со коронавирусот во земјава.

Од 8 до 14 ноември од Ковид-19 заболеле 3.218 лица, што е за 286 помалку од периодот меѓу 1 и 7 ноември.

Минатата недела се тестирани 21 346 лица, за 3,5 отсто помалку од претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 10,7 до 20,4 отсто, а просечно 14,8.

Најмногу новозаразени има во Скопје. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, а најзастапени се лицата над 60 години (4,6 проценти). Најмалку заболени се регистрирани кај возрасната група од 0-9 години (3,2 проценти). Според полот, 52,1 отсто од заболените се жени, а 47,9 машки.

Пријавени се 77 смртни случаи, најмногу од возрасната група над 60 години.

Активни на Ковид-19 се 8 331 лице, хоспитализирани се 534, од кои 343 се на кислородна поддршка и 21 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Минатата недела се евидентирани и 2 660 оздравени лица.

ИЈЗ регистрирал и 36 реинфекции, за 26,5 отсто помалку во однос на претходната недела. Заклучно со 14 ноември вкупно се пријавени 822 реинфекции, што е 0,39 отсто од вкупниот број на досега заразени кој изнесува 209 449 лица.

Можете да прочитате

За сума од над 800.000 денари измамил маж од Тетовско при купопродажба на патничко возило

Му нашле марихуана, удрил полицаец и побегнал, па се судрил со паркирано возило

Ковачевски до Јаневска: Се затвораат училишта и се спојуваат паралелки – дали децата ќе добијат поквалитетно образование