Утрински Весник
Македонија

Герасимовски: Отвораме три нови пензионерски клубови – ги реализираме изборните ветувања

Герасимовски: Отвораме три нови пензионерски клубови – ги реализираме изборните ветувања

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, утринава во својот кабинет се сретна со претседателот на Здружението на пензионери на Општина Центар, Спиро Николовски и со секретарот на здружението, Трајко Трајановски.

Здружението на пензионери на Општина Центар со над 10.000 членови е едно од најбројните здруженија на пензионери на ниво на државата и воедно, едно од најактивните.

На средбата со претставниците од Здружението на пензионери се разговараше за моменталната состојба на општинските политики и активности за повозрасните сограѓани, но и за наредните проекти и планови за уште поинтензивна соработка.

„Како и досега, добрата соработка со Здружението со пензионери на Општина Центар ќе продолжи и во иднина. За таа цел, како што најавив и во кампањата, во план ни е отворање на три нови пензионерски клубови за дружење и рекреација и тоа во Капиштец, Крњево и близу до Универзалната сала. Веќе на пролет општината ќе помогне и при организација на пензионерски турнири во шах, пикадо стрелаштво и други активности важни за нашите повозрасни сограѓани. Ќе го поддржиме организирањето и на традиционалното новогодишно дружење со пензионерите, нормално, доколку тоа го дозволи состојбата со КОВИД 19“, изјави на средбата градоначалникот Герасимовски.

Можете да прочитате

Македонците меѓу најголемите „муабетчии“ во Европа со ChatGPT

ДОМ: Што се случува околу „жешките точки” во ОХИС додека санацијата сè уште не е завршена?

Хаос во казино во Кисела Вода: Две лица напаѓале гости и вработени, кршеле инвентар и прскале со ПП апарати