Утрински Весник
Свет

Ирска се извини за смртта на 9.000 деца во домовите за мајки

Ирска се извини за смртта на 9.000 деца во домовите за мајки
Img 5587

Ирска денес официјално се извини за скандалот со домовите за невенчани мајки во кои починале 9.000 деца во периодот помеѓу 1922 и 1998 година.

„Државата ве напушти“, рече ирскиот премиер Михаел Мартин пред парламентот, еден ден по објавувањето на долгоочекуваниот извештај.

300x250 (7)

Извештајот ја потенцираше прекумерната смртност во овие институции во сопственост на Католичката црква и државата и општата неприфатливост на општеството да се раѓаат вонбрачни деца, кои тогаш ги сметале за незаконски.

„Се извинувам што направивме голема неправда кон ирските мајки и нивните деца во овие домови“, рече премиерот.

По петгодишна истрага, комисија утврди дека починале 9.000 деца или 15 проценти од 57.000 деца кои поминале низ тие институции за 76 години.

„Стапката на смртност на деца родени надвор од брак е скоро двојно поголема во тие домови отколку на други места“, истакна премиерот.

Домовите прифаќале девојчиња и млади жени кои биле отфрлени од нивните семејства и повеќето од нив немале други опции, се вели во извештајот.

Извештајот, кој вклучува 18 таканаречени „Домови за мајки и деца“, каде што младите бремени жени биле изолирани од општеството со децении, е последниот во низата владини документи кои откриваат некои од најмрачните акти на Католичката црква.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Италијанскиот министер за одбрана Кросето ги повика западните земји да се ангажираат за преговори со Путин

Сијарто: Посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Унгарија е од историско значење

Фон дер Лајен: ЕУ смета на Кина да изврши притисок врз Русија да ја прекине војната против Украина