Утрински Весник
Спорт

Интер го менува Мартинез со Обамејанг

Обамејанг повторно му донесе победа на Арсенал, Себаљос со две асистенции
Img 5587

Милано, 14 февруари 2020 (МИА) – Интер го гледа напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг како една од потенцијалните алтернативи за Лаутаро Мартинез, пренесува Goal.com.

Според изворот, 30-годишниот репрезентативец на Габон би можел да премине во тимот на Антонио Конте, доколку 22-годишниот Мартинез замине во летниот преоден рок. Реал Мадрид е подготвен да плати 111 милиони евра за аргентинскиот напаѓач.

Ss1

Во сезоната 2019/20, Обамејанг постигна 16 голови и даде 1 асистенција на 27 натпревари за Арсенал.

Неговиот договор со „топџиите“ е до крајот на јуни 2021 година.

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Челси на „Вила парк“ се врати од 0:2, ВАР му ја украде победата во 96.минута

АБА2: МЗТ Скопје Аеродром поразен од Спартак

Обрадовиќ: Ова е мој клуб, мој град, на ниту едно друго место не е како во Партизан