Утрински Весник
Економија

Бабовски: Навреме исплатуваме субвенции, така ќе продолжиме

Бабовски: Навреме исплатуваме субвенции, така ќе продолжиме

Неготино, 14 февруари 2020 (МИА) – Навремената исплата на субвенциите ја практикуваме целиот овој период, истакна директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, кој присуствуваше на закројувањето на винови лози во месноста Лепово, по повод денешниот празник „Свети Трифун“, кој се смета за заштитник на лозарите.

– Годинава исто така не го чекавме празникот „Свети Трифун” за да се исплатат субвенциите, ги исплативме многу порано. Исплативме скоро десет милион евра за поддршка на лозарите за одржување на нивните лозови насади, за примена на агротехнички мерки, купување на заштитни стедства, ѓубрива, така што истата пракса ќе ја продолжиме и натаму не само кон лозарите, туку и кон сите земјоделци во Република Северна Македонија, нагласи Бабовски, честитајќи го празникот „Свети Трифун” кој носи благодет.

Директорот на винарската визба „Тиквеш” во чии лозја се закројуваше, Радош Вукичевиќ рече дека очекува уште една плодна година.

– Очекувам годинава да работиме рамо до рамо со лозарите, уште од сега, да не се гледаме два дена пред берба. Да ги решаваме проблемите навреме, да ги примениме најсовремените лозарски практики, да произведеме врвно грозје, што ќе ни овозможи да произведеме врвно вино, нагласи директорот на винаријата.

Тој очекува годинава тоа да биде едно од најнаградуваните вина во земјава, Југоисточна Европа и пошироко. свд/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Битиќи: Над 180 милиони евра поддршка за домашните компании во наредните четири години

Вицегувернерката Митреска: Трендовите се поволни, но Народната банка и натаму е претпазлива во носењето на монетарните одлуки поради присутните ризици

Ангеловска-Бежоска на Пролетните средби на ММФ и СБ: Носителите на политики ќе дискутираат за состојбите и перспективите во економијата