Утрински Весник
Политички Партии

Иницијативен одбор за промени: ВМРО-ДПМНЕ го одржа најтажниот протест во своето постоење

Иницијативен одбор за промени: ВМРО-ДПМНЕ го одржа најтажниот протест во своето постоење
Ss2

Вечерашниот дебакл е најдобар доказ дека Христијан Мицкоски нема никаква поддршка. Неговиот авторитет е неповратно загубен, а натамошното узурпирање на функцијата само ја носи партијата во пропаст, велат од Иницијативниот одбор за промени во партијата.

„Само пред неколку дена граѓанската иницијатива ‘Доста е’ во Тетово собра неколку илјади граѓани на протести против покачената цена на струјата, а Мицкоски со целокупната партиска структура на ВМРО-ДПМНЕ не успеа да мобилизира повеќе од 1.500 луѓе“, се наведува во соопштението.

300x250 (7)

Од Иницијативата велат дека секој поминат ден на Мицкоски во претседателскиот кабинет скапо ја чини партијата.

„Доколку чувствува барем малку почит кон ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски мора да се повлече, да свика вонреден конгрес и да дозволи ново и поспособно раководство да ја придобие поддршката на народот“, стои во соопштението, во кое се додава дека во минатото само од еден скопски комитет се собирале неколкупати повеќе членови.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт