Утрински Весник
Свет

Две панди испратени од Кина во САД по самитот Шји Џинпинг – Доналд Трамп

20260926154224 big 730x400 9.webp.webp

Две панди се испратени од Ченгду во југозападна Кина рано утрово во нивниот нов дом во Атланта, САД, како дел од договорот меѓу владите на САД и Кина, а ова доаѓа веднаш по завршувањето на самитот меѓу двајцата претседатели во Вашингтон.

За време на тридневната државна посета на Вашингтон и разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп, кинескиот претседател Шји Џинпинг објави дека пандите ќе пристигнат во Атланта во наредните денови.


Позајмувањето панда од Кина на зоолошката градина во Атланта е еден од ретките конкретни резултати од таа државна посета, за време на која двајцата лидери изразија добра волја за соработка, но не објавија решенија за некои од долгогодишните несогласувања меѓу двете земји, јавија американски медиуми.

Атланта е без панди од 2024 година.  Пинг Пинг и Фу Шуанг се две возрасни панди кои ќе бидат позајмени во зоолошката градина во Атланта на 10 години. 

Кина долго време ги користи пандите како дел од својата глобална дипломатија, испраќајќи ги преку програма за позајмица како гест на добра волја. Ги враќа назад ако тензиите се зголемат.

Шји рече дека програмата за позајмување панди е пример за „кинеско-американско пријателство“.

Можете да прочитате

Граѓаните се изјаснија против порестриктивно толкување на неутралноста на Швајцарија

Саудиска Арабија не исклучува можност за разработка на нуклеарно оружје

Британската антитерористичка полиција го пребарува теренот во близина на воената база Ферфорд