Утрински Весник
Свет

Жена му донирала бубрег на полицаецот што ја ставил во затвор

Жена му донирала бубрег на полицаецот што ја ставил во затвор
300x250 (7)

Жена го донирала својот бубрег и му го спасила животот на полицаец од Алабама, кој неколкупати ја ставал во затвор.

Полицаецот Терел Потер постојано ја ставал Џоселин Џејмс зад решетки додека се борела со зависноста од опијати. Денес му е благодарна што успеала да го промени својот живот, а неодамна му ја возвратила услугата.

Џејмс била уапсена 16 пати помеѓу 2007 и 2012 година под обвинение за дрога и кражба. Таа вели дека во тоа време била на лошо место и дека е трезна веќе неколку години. Минатиот ноември видела на „Фејсбук“ дека на Потер му треба бубрег, пишува „Фокс њуз“.

Бубрегот на пензионираниот полицаец имал само 5 % функционалност, но му било кажано дека треба да почека 7-8 години за трансплантација.

„Само го фрлив телефонот и Светиот Дух тогаш ми рече дека имам бубрег за тој човек“, рече Џејмс.

Тестовите покажале дека нејзиниот бубрег е компатибилен и поранешната зависничка не размислувала долго. „Да ме прашавте за сто имиња на потенцијални донори, нејзиното име немаше да се најде на списокот“, рече Потер. „Неверојатно е што таа беше подготвена да го стори тоа“.

„Таа крадеше, се дрогираше и правеше работи што не би смеела да ги прави“, продолжи тој. „Ја затварав неколкупати“.

Џејмс, која раководи со непрофитна организација што им дава на жените совети во врска со дрогата, го донирала својот бубрег на поранешен полицаец уште во јули во Универзитетската болница „Вандербилт“ во Нешвил.

„Во моите мисли го правам само она што ми го рече Бог, да му го дадам својот бубрег“, додаде Џејмс.

„Благодарно е да имаш некого да ти даде дел од своето тело за да ти го продолжи животот“, заклучи Потер.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Унгарската опозиција протестираше против Орбан

Директорот на ЦИА итно оди во Доха, делегацијата на Хамас го напушта Каиро

Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема