Утрински Весник
Економија

Инвеститорите во Германија стравуваат од нов бран на коронавирус

Инвеститорите во Германија стравуваат од нов бран на коронавирус

Очекувањата на инвеститорите за германската економија трет месец по ред се влошени и тоа како резултат на стравувањата од нов бран на зарза со „Ковид-19“ и забавување на кинеската економија, покажува извештајот на институтот ЗЕВ.

Индексот што ги мери очекувањата на инвеститорите за германската економија во наредните шест месеци падна за 22,9 поени во август од 40,4 поени во јули, објави институтот.

„Индексот на очекувања паѓа трет месец по ред, што укажува на се поизразени ризици за германската економија, како што е можниот четврти бран на коронавирусот оваа есен или забавување на растот во Кина“, објаснува претседателот на институтот Ахим Вамбах.

Инвеститорите продолжуваат да ја проценуваат моменталната состојба во најголемата европска економија.

Можете да прочитате

Битиќи: Населението старее, а притисокот врз пензискиот систем станува алармантен

Европските даночни советници доаѓаат во Скопје: ИСОС домаќин на Собранието на CFE Tax Advisors Europe во 2027

Левица: ДПМНЕ им создаде хаос на занаетчиите и сѐ уште ги држи во неизвесност – луѓе остануваат без здравствено, со блокирани сметки и неизвесна егзистенција