Утрински Весник
Спорт

Ил Феномено: Четворица се најдобри во историјата

Ил Феномено: Четворица се најдобри во историјата

Луис Назарио де Лима Роналдо, за многумина е најдобриот напаѓач во историјата. Легендарниот Бразилец, повредите го спречија да направи поголеми работи во кариерата. Најзначаен момент во неговата кариера е светската титула со Бразил во 2002 година, кога постигна осум гола на седум натпревари. Има светска титула и од 1994 година, но тогаш не одигра ниту секунда на Мундијалот во САД.

Ил Феномено, новинарите го прашале кој е најдобриот играч во историјата. Не можел да се реши за еден, набројал четворица.

„Ако мене ме прашувате ќе ви кажам, четворицата најдобри во историјата се Пеле, Марадона, Меси и Кристијано Тоналдо“.

Роналдо е сопственик на Ваљадолид, а до крајот на годината ќе стане газда на уште еден клуб, Крузеиро.

> Ил Феномено: Четворица се најдобри во историјата <

Можете да прочитате

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД