Утрински Весник
Свет

Зеленски: ОН не се способни да ги извршуваат функциите за кои се создадени

Зеленски: ОН не се способни да ги извршуваат функциите за кои се создадени

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го одржа своето веќе традиционално ноќно обраќање до нацијата. Тој рече дека Обединетите нации „во моментов не се во можност да ги извршуваат функциите за кои се создадени“.

– Советот за безбедност на ОН постои, а безбедност во светот не постои. За никој. Ова дефинитивно значи дека Обединетите нации во моментов не се во можност да ги извршуваат функциите за кои се создадени. А за тоа е виновна само една држава – Русија која ги дискредитира ОН и сите други меѓународни институции во кои се уште учествува – рече Зеленски.

Зеленски додаде дека со францускиот претседател Емануел Макрон разговарал за хуманитарната ситуација во привремено окупираните региони на Украина.

– Подготвуваме нов пакет силни санкции против Русија за се што таа му направи на нашиот народ – додаде тој.

Можете да прочитате

Интерпол заплени фалц лекови вредни над 13 милиони евра

Скандал од 100 милиони долари го потресе украинскиот врв, Зеленски нема коментар

Иран: Хормуз мора да остане под наша контрола