Утрински Весник
Македонија

Здружение на судска администрација: Денес судовите во Македонија ќе останат без поголем број на судии

Ss2

Зружението на судска администрација реагираат дека денеска судовите во Македонија ќе останат без поголем број на судии, а судиските места во блиска иднина нема да бидат пополнети. Оттаму реагираат на односот на надлежните државни органи кои во минута до дванаесет се обидувале да надминат проблем кој, како што наведуваат, не е ниту нов ниту беше непредвидлив.

„ Голем број на судски предмети ќе мора да почнат одново со опасност да настапи нивна застареноста, временски бавните судски постапки уште повеќе ќе се одолговлекуваат со оглед на намалениот број на судии во многу судови. Како врв на сето тоа ќе има суд или судови кои ќе останат и без судии доколку во нив не бидат времено упатени судии од други судови.

Img 5587

Уште при јавната расправа по Предлог-Законот за Академија за судии и јавни обвинители која се одржа на 04.10.2019 година, во Собранието во организација на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Здружението на судска администрација истакна сериозна забелешка што со предлог законот воопшто не е направен обид да се искористи потенцијалот на стручните судски службеници со повеќегодишно професионално искуство во судовите..Кога веќе се овозможува пристап до почетна обука на лица со двегодишно работно искуство на правни работи по полагање на правосудниот испит, неразбирливо е од кои причини е изоставен и не е олеснет пристапот до почетна обука на судскиот кадар кој професионално ги извршува своите работни задачи како судски соработник или советник повеќе години низ сите судски оддели во судовите..“ се наведува во реакцијата.

Од здружението додаваат дека апелирале дека овој дел од судската служба може беспрекорно и со скратена обука да ги извршува сите судски задачи и да го даде својот придонес за поефикасно судство во Македонија, но како што велат сите надлежни државни органи ги игнорирале.

Ss1

Можете да прочитате

ЈО: Екстрадицијата на Палевски ќе биде спроведена преку Министерството за внатрешни работи

Димитриевски ги изнесе условите на ЗНАМ за формирање на идна влада

Битиќи: Патриотски ќе одиме кон повисоки плати и пензии, кон „Едно општество за сите“